Бејл погоди, Реал на пенали го победи Арсенал

Макфакс

24/07/2019

10:29

1.113

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Реал Мадрид го победија Арсенал на пенали со 3-2, откако мечот одигран во Лендовер во Мериленд заврши со резултат 2-2.

„Кралевите“ и „топчиите“ одиграа чуден натпревар, во кој два црвени картони беа покажани во првото полувреме. Пред време мечот го завршија Начо од Реал и Папастадопулос од Арсенал.

Поради исклучувањето на Начо во 16. минута заменет со Рафаел Варан беше Лука Јовиќ.

Начо во деветтата минута направи пенал, доби црвен картон, а за Арсенал погоди Александар Лаказет. Предноста на Арсенал ја зголеми Обамејанг во 24. минута.

Потоа Папастадопулос направи голема глупост, за две минути доби два жолти картони, па и тој мораше во соблекувалната.

Реал кога силите се израмнија стигна и до реми на теренот. Оспоруваниот Герет Бејл намали на 1-2 во 56. минута, а три минути подоцна израмни Марко Асенсио. Овој играч се повреди во 65. минута и се претпоставува дека му следува долга пауза.

Реал потоа ја доби пенал-серијата. Џака, Монреал и Бартон утнаа пенали кај Арсенал, а на спротивната страна непрецизен беше Бејл.



Спонзорирани линкови

Маркетинг