Поради оваа огромна грешка цел свет ѝ се смее: Иванка Трамп му честитала на премиерот на измислената држава!

Точка

23/07/2019

19:13

5.215

Големина на фонт

а а а

Иванка Трамп, ќерка на претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на Твитер напиша порака за Борис Џонсон, новиот премиер на Обединето Кралство, но во својата честитка направила грешка.

Таа новиот премиер го сместила во измислена држава, „United Kingston“.

„Ви честитам Борис Џонсон, што станавте нов премиер на „United Kingston“, напишала Иванка Трамп која работи како советничка на својот татко.

Грешката е воочлива, секако дека таа требала да напише United Kingdom (Обединето Кралство).

Инаку, Кингстон е главен град на Јамајка.

После тоа Иванка ја поправила својата објава, но во коментарите корисниците на социјалната мрежа Твитер постојано ја потсетуваат дека “интернетот никогаш не заборава“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг