Западна Европа зафатена од нов топлотен бран

Макфакс

23/07/2019

17:13

1.206

Големина на фонт

а а а

Нов топлотен бран со очекувани температури меѓу 37 и 43 Целзиусови степени ја зафатија од денеска северозападна Европа. Се очекува намалување на температурите од петок.

Високи температури од 37 до 43 степени Целзиусови, а зафатија северозападна Европа. Речиси цела Франција е погодена од горештините, но не се очекува да биде надминат рекордот од 46 степени од јуни во јужна Франција. Посебно е погоден Париз, каде в четврток се очекуваат температури од 41 степен. Претходниот рекорд од 40,4 степени е од 1947 година.

Високи температури се очекуваат и во Германија. За регионот на Келн се прогнозираат 41 степен, како и во провинцијат Сар, каде исто се очекува темпеатурата да надмине 40 степени.

Посебно предупредување за опасно време е објавено во Белгија и Холандија. Велика Британија в четврток ја очекуваат во југоисточниот дел 37 степени, што е повеќе од досегашниот рекорд за јули од 36,7 степени и се доближува до апсолутниот температурен рекорд од 38,5 степени од август 2003 година.

Во Италија се очекува топлотен бран и поради тоа Министерството за здравство објави за утре опасност во Перуџа, Торино, Бреша и Болцано, додека „температурен аларам“ за в четврток е и за Џенова, Верона, Болоња, Рим, Пескара, Риети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг