Сончево време со мала до умерена облачност

Макфакс

23/07/2019

09:51

617

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено по должината на Повардарјето.

Минималната температура ќе се движи од 12 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје сончево и ветровито со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, соопшти УХМР.

И в среда ќе дува засилен северен ветер, облачноста повремено ќе се зголемува, а дневната температура дополнително ќе се намали. Од четврток температурата повторно ќе биде во пораст, а за време на викендот се очекува попладневна нестабилност со локален дожд и грмежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг