На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија неколку видео-снимки од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во фризерски салон во Скопје.
Засега не е познато кога е снимена Јанева.
Специјалната обвинителка од минатата недела е на боледување. Ден пред да го отвори боледувањето таа поднесе оставка што ќе стане активна со изборот на нејзиниот наследник.
Обвинителството ѝ го одзеде едниот мобилен телефон со наредба и го предаде на вештачење во истрагата за рекет.