Кобна сезона на монсуните: Најмалку 650 луѓе настрадале на југот на Азија, 460 само во Индија

Точка

22/07/2019

20:54

1.650

Големина на фонт

а а а

Во последните две недели во јужна Азија од силните монсунски дождови загинале 650 лица.

Во Индија, Бангладеш и Непал неколку десетици илјади луѓе се раселени поради силните бури, а повеќе од 10 милиони се загрозени.


Во Индија, со 1,3 милијарди жители, од монсуните настрадале 460 лица. Во некои зони на север и северозапад од земјата нема струја поради поплавите.


Во соседен Непал загинале 90 лица, а 29 исчезнале. Во Бангладеш се регистрирани 97 мртви, а во Пакистан 30.


Сезоната на монсуните трае од јуни до септември, важна е за наводнување и снабдување на вода во Азија, каде што живее една петтина од светското население.



Спонзорирани линкови

Маркетинг