И титовата порака за “братство и единство“ пред 50 години била оставена на Месечината

Точка

22/07/2019

14:55

3.270

Големина на фонт

а а а

Дискот со изјавите на поранешните американски претседатели Џон Кенеди, Линдон Џонсон, Ричард Никсон и пораката на претседателите од 73 земји од светот оставен е пред 50 години на Месечината. Меѓу нив ја има и пораката на претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Малиот диск со себе го понеле членовите на мисијата Аполо 11, пред точно 50 години, кога првпат во историјата, човечката нога стапна на Месечината.

„Нека ова величенствено исполнување на древниот сон на човечката раса - со човековото чекорење по Месечината, првиот сосед на сите нас,  да го приближи спознанието на древното човечко настојување да се живее во мир, братство и заеднички живот“ - напишал Јосип Броз Тито.

Американските астронаути Нил Армстронг и Баз Олдрин се првите луѓе кои во историјата чекореле по Месечината. Нивниот лунарен модул „Орел“ слетал на Месечината на 20-ти јули 1969-та година во 18 часот и 18 минути по средноевропско време. Не многу долго после тоа, Армстронг зачекорил по површината на Месечината и ја кажал популарната реченица: „Ова е мал чекор за човекот, а голем за човештвото“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг