Како на природен начин да ја ублажите главоболката?

Точка

22/07/2019

09:47

5.362

Големина на фонт

а а а

Главоболките се релативно чест проблем, а за некои луѓе и секојдневна тегоба. Постојат 3 типа на главоболки – тензична, кластер главоболка и мигрена.

Еден од првите чекори при појавувањето на ваквата тегоба е соодветен внес на вода – дехидратацијата може да биде причина за тензични главоболки и мигрена. 

Магнезиумот е исто така добро помошно средство кај мигрената – едно истражување покажало дека 600 милиграми магнезиум-цитрат дневно ја ублажува зачестеноста и интензитетот на мигренските главоболки. Меѓутоа, оваа количина на магнезиум може да предизвика и дијареа, така што не треба веднаш да почнувате со толкава доза.


Студиите покажуваат и дека витамините од групата Б, поточно Б2, Б6, фолна киселина и Б12, можат да ги ублажат симптомите на главоболка. Во облик на суплемент може да се зема и коензимот Q10 – истражувањата покажуваат дека земањето на 100 милиграми коензим Q10 дневно може да ја ублажи зачестеноста, траењето и интензитетот на мигрената.

Недоволниот сон (помалку од 6 часа ноќе) исто така е чест причинител на главоболки, па затоа квалитетниот сон е од клучна важност за нивна превенција.

Храната со висока содржина на хистамини како што се старите сирења, ферментираната храна, пивото, виното, чадената риба и чадените месни преработки можат да предизвикаат мигрена кај лицата кои се склони кон главоболки. Затоа, избегнувањето на овие намирници може да помогне во превенција на овој тип на главоболка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг