Рускиот хуманоиден робот Федор ќе тргне на Меѓународната вселенска станица на 22-ри август, каде ќе мине една и пол недела, најавил денес генералниот директор на "Роскосмос", Дмитриј Рогозин на космодромот Бајконур.
Овој робот го носи името "Skybot F-850".
Рогозин рекол дека хуманоидниот робот во иднината ќе биде пратен и на месечината во рамките на подготовките з праќање на човечка мисија.
Робот "Федор" пробудет на МКС полторы недели https://t.co/6QZe1Rkl7x pic.twitter.com/yDZAFGQ2vk
— РИА Новости (@rianru) July 21, 2019
"Ќе имаме подготвителна фаза за тоа - прво ќе пратиме хуманоиден робот, а после тоа и луѓе, за да ги проучиме сите ризици и да научиме да се бориме со нив", рекол тој.
Андроидниот робот Федор е создаден во соработка со "Android Techincs" И руската фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка од министестрвото за вонредни ситуации на Русија.