Зоран Верушевски меѓу новите претседатели на партиските комисии на СДСМ

Макфакс

19/07/2019

09:05

2.625

Големина на фонт

а а а

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ, на кој присустваа повеќе градоначалници, министри, заменици и пратеници од владејачката партија.

Како што изјави генералниот секретар, Љупчо Николовски, на состанокот биле избрани повеќе нови членови на партиските комисии, а за координатор на Форумот на жени ја избрале пратеничката Снежана Калевска-Ванчева.

За претседател на комисијата за внатрешни работи е избран Зоран Верушевски, за здравство Венко Филипче, за култура Роберт Алаѓозовски, за надворешни работи Едмонд Адеми, за транспорт Благој Бочварски, за информатичко општество Драган Гоцевски.

Николовски исто така соопшти дека партијата формирала и нова комисија за спроведување на политиките од концептот „Едно општество за сите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг