На MH370 откриен таен товар од 89 килограми: Станува збор за киднапер?

Точка

18/07/2019

22:03

4.333

Големина на фонт

а а а

Откривањето на таинствениот товар од 89 килограми на исчезнатиот авион на "Malaysia Airlines" само ја подгрева теоријата дека во авионот постоел "слеп" патник кој го киднапирал авионот. Мистеријата останува нерешена...

Француските детективи кои го истражувале исчезнувањето на MH370 во 2014-та година откриле "таинствен" товар од 89 килограми кој е додаден на пописот на летот по полетувањето. 

Французинот Гислиан Ватрелос, кој на летот на Malaysia Airlines ги изгубил жената и двете деца, рекол дека товарот е откриен во новиот извештај за патниците и багажот.

За "Le Parisien" рекол дека багажникот бил преоптоварен со товар со 89 килограми без никој да знае зошто. Експертите уште не заклучиле ништо, но постоењето на таинствениот товар би можело да биде уште еден доказ кој ја подгрева теоријата дека "слепиот патник" го киднапирал исчезнатиот авион.

Ватрелос рекол дека не му дале никакво објаснување за тоа како тајниот товар се појавил на пописот на багажот и кој го вклучил во пописот.

Инаку, пилотите се задолжени за распределба на товарот и патниците за да осигурат дека тежиштето е на вистинско место. Поради тоа од патниците може да се бара да се преместат во различни делови од авионот.

Товарот на контроверзниот авион долго бил во центарот на расправите, посебно откако била забележана разлика во претходниот попис. На почетокот на овој месец експертот за воздушна безбедност, Тим Термини, за "Channel 5" изјавил дека е можно на авионот да имало "слеп патник".

"Многу е веројатно да дошло до киднапирање, а за тоа постојат четири сценарија. Едно е киднапирање на авионот преку член на екипажот, друго доаѓа од патниците, а третото е преку слеп патник. Четвртата опција е електрично преземање на авионот од земја", порачал Термини.

Исчезнувањето на MH370 се смета за една од најголемите мистерии и се споредува со необјаснивото исчезнување на Амелија Ерхарт во текот на летот преку Пацификот во 1937-ма.

Од тогаш се појавиле низа теории на заговор, од самоубиствени мисии на капетанот до обид за терористичко киднапирање кое тргнало на лошо. Франција е единствена држава која се уште спроведува правна истрага за несреќата и исчезнувањето на тројца свои државјани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг