Катица Јанева три дена не е на работа, ќе добие ли отказ?

Нетпрес

18/07/2019

12:09

3.457

Големина на фонт

а а а

Катица Јанева во последниве три дена не се појавила на своето работно место во Специјалното јавно обвинителство, СЈО. Дали е таа на боледување или користи годишен одмор, сѐ уште не е познато и СЈО за ова не излегува со официјални информации за јавноста, освен што од таму потврдуваат дека Јанева не дошла на работа од понеделникот.

Засега СЈО нема ниту информации дали Јанева воопшто ќе се врати на своето работно место во СЈО, со оглед на веќе депонираната оставка од функцијата на специјалната јавна обвинителка.

Специјалната обвинителка Јанева засега не е осомничена во таа истрагата, а според она што досега е познато за случајот, Јовановски и Милески барале пари од бизнисмен осомничен во предметот „Империја“ на СЈО, затоа што биле поврзани со обвинител и можеле да влијаат да се запре постапката против него или да добие поповолен третман.

Во понеделникот, кога беше отворена истрагата, надлежните запленија и еден од мобилните телефони на Јанева за, како што рекоа од СЈО, да се провери дали таа имала комуникација со Боки 13.

Инаку, според законот за работни односи, доколку работникот не се појави три дена на работно место, без образложение, автоматски добивава отказно решение.



Спонзорирани линкови

Маркетинг