Десет намирници кои спречуваат импотенција: Најсилните афродизијаци доаѓаат од природата

Точка

17/07/2019

16:08

2.607

Големина на фонт

а а а

Знаеме дека таблетите, вијаграта и операциите можат да помогнат во ситуација на еректилна дисфункција (импотенција), но што е со храната? Постојат ли намирници кои можат да помогнат?

Постојат некои мислења дека некои намирници помагаат во состојба на еректилна дисфункција:

Лубеница

Ова слатко освежувачно овошје содржи соединенија кои можат да имаат ефект како лекови против еректилната дисфункција на крвните садови. Лубеницата може да го подобри и сексуалниот нагон. Поголемиот дел од лубеницата е вода, но таа е полна со лиопен, антиоксиданти кои се добри за вашето срце, простата и кожа.


Школки

Школките може да го зголемат нивото на тестостерон, а тоа може да помогне при сексот. Меѓутоа мора да знаете од каде потекнуваат школките и тие треба да бидат правилно подготвени.

Кафе

Вашето утринско кафе е повеќе од задоволувачки избор. Може да ви помогне и во љубовниот живот. Мажите кои пијат две или три шолји кафе во текот на денот помалку имале проблем со еректилната дисфункција од оние кои не пиеле кафе. Тоа е така поради тоа што кофеинот помага во зголемување на протокот на крв. Многу чаеви, газирани и спортски пијалоци исто така имаат кофеин во себе.

Темно чоколадо

Четвртина или половина чоколадо дневно или на два дена може да му помогне на вашиот пенис, а тоа што е добро за вашето срце и крвни садови може да биде добро и за другите делови од телото. Чоколадото е богато со флавонолим и растителни масти кои може да го зголемат протокот на крвта и крвниот притисок.


Ореви

Оревите имаат многу аргинин, аминокиселини кои вашето тело ги користи за произведување на азотен оксид. Тие исто така се добар извор на витамин Е, фолни киселини и влакна.

Сок

Природно цедениот сок од грозје не е добар само за децата туку и за либидото и ерекција. Исто така го зголемува нивото на азотен оксид во вашето тело.

Лук

Лукот е добар за ѕидовите на артериите и поволно делува на протокот на крвта. Единствениот проблем после тоа е лошиот здив, што може да биде непријатен во текот на сексуалниот однос.

Риба

Лососот и другите мрсни риби се одличен извор за омега 3 масни киселини, добри се за срцето и крвните садови и може да го зголемат нивото на азотен оксид во вашето тело. Ќе ви го намалат крвниот притисок ризикот од срцевиот удар. Препорака е често да се јаде риба за оброк, а покрај масните риби, добри се сардината, свежата бела туна и скуша.

Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук исто така е богат со азот оксид што е добро за крвните садови. Покрај придобивките за сексуалниот живот тие содржат и други витамини, минерали и омега 3 масни киселини.


Пиперка

Може да го забрзате вашиот љубовен живот така што ќе додадете неколку чили пиперки во исхраната. Состојките во пиперката ги опуштаат артериите, а тоа му помага на крвотокот до срцето и другите органи, вклучувајќи го и пенисот. Лутата пиперка исто така може да помогне во намалување на крвен притисок и холестерол и спречува згрутчување на крвта.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да му помогне на вашето тело да создаде повеќе тестостерон. Исто така преполно е со вистински мононезаситни масти кои може да помогнат да се ослободите од лошиот холестерол. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг