Ужас во Белград: Гобељиќ со „старт за во затвор“ му ја скрши ногата на противникот

Дерби

17/07/2019

14:07

1.264

Големина на фонт

а а а

Црвена Звезда со доста маки го мина првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, откако вчера со 2:1 ја победи Судува која во Белград пристигна со почетни 0:0 по првиот меч кој се одигра во Литванија.

Српскиот првак победи со 2:1 на домашен терен и се пласираше во наредната рунда, но сепак оваа пресметка во Белград предизвика и големо незадоволство кај гостинските играчи и стручниот штаб, пред се поради хорор моментот во 60-та минута. Десниот бек на Звезда, Марко Гобељиќ изрежира „старт за во затвор“ со кој буквално му ја скрши ногата на Славикас, потег за кој тренерот на Судува по крајот на мечот побара драконска казна од УЕФА за дефанзивецот на Звезда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг