Повторно „густо“ над Балтикот: Се појавиле руски бомбардери, па веднаш пристигнале скандинавските ловци

Точка

16/07/2019

11:48

2.419

Големина на фонт

а а а

Два руски стратешки бомбардери од типот „Ту-160“ се вратиле во својата база од патролната мисија над Балтичкото море, соопштија од руското Министерство за одбрана.

Летот на стратешките бомбардери траел повеќе од седум часа, а кога руските авиони се појавиле над Балтичкото море, бил вклучен алармот кај армиите на скандинавските земји.

Имено, руските бомбардери биле следени од „Ф-16“ авиони на данското воено воздухопловство, „Ф-18“ на финското воено воздухопловство и „ЈАС-39 Грипен“ на шведското воено воздухопловство.

Инаку, руските бомбардери од долг домет редовно летаат над неутралните води во регионот на Арктикот, Северен Атлантик, Црното и Балтичкото море, како и Пацификот, каде што исто така редовно имаат средби со авионите на НАТО Алијансата и земјите партнери на најмоќниот воен сојуз на светот.

Како што соопштија од руското Министерство за одбрана, сите летови на руските авиони биле во согласност со меѓународното право и без нарушување на воздушниот простор на било која земја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг