Избегната трагедија во Италија: Пијан возач на камион возел во спротивна насока цели три километри!

Точка

16/07/2019

09:34

2.108

Големина на фонт

а а а

Минатиот петок за влакно била избегната трагедија на автопат на северот на Италија помеѓу Бордигера и Санремо.

Пијан романски возач на камион возел повеќе од три километри во спротивен правец и останатите учесници во сообраќајот имале огромна среќа што сето ова не заврши трагично. Возачот упорно продолжувал да вози во спротивна насока, додека останатите возила се тргаа од лентата.

Камионџијата возел во правец кон Џенова, но одлучил да направи пауза и да вечера. После паузата, кога седнал во својот камион, тој тргнал во спротивна насока и така продолжил да вози во следните три километри.

Кога некако успеал да најде делница за да се сврти, полицијата го сопрела. Притоа, било утврдено дека возел во алкохолизирана состојба, по што камионот веднаш му бил одземен, а мора да плати и парична казна од 6,500 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг