Интересен избор: Познато е кој број ќе го носи Азар во Реал

Дерби

14/07/2019

16:21

1.925

Големина на фонт

а а а

Еден Азар е најзвучното и најголемото засилување на Реал Мадрид во овој досегашен летен преоден рок, играч од кој се очекува многу во нареднава и секако во следните години на „Сантијаго Бернабеу“.

Дали белгискиот репрезентативец ќе ги оправда високите очекувања ќе покаже времето, но како што сега стојат работите тоа што е познато е која бројка ќе ја носи во Реал. Од поодамна беше јасно дека нема да ја добие омилената „десетка“ која ја носи Лука Модриќ, а тоа нема да биде ниту дресот со број седум кој во минатото го носеа величини како Раул Гонзалес, Кристијано Роналдо, Хуанито…

„Седумката“ ја држи Маријано Дијаз кој сака да се избори за останување во Реал, па затоа според „Марка“, доскорешниот играч на Челси се одлучил да ја земе „23“. Напаѓачот е голем обожавател на кошаркарата, па бројката 23 има големо значање со оглед на тоа што најголемиот на сите времиња Мајкл Џордан го носеше овој дрес во Чикаго Булс, додека пак во поново време тоа е случај со Леброн Џејмс кој исто важи за играч од највисока класа.

Со ова Еден сака да покаже дека ќе направи се за да биде добар во Реал како што тоа во минатото и сега го правеа/прават Џордан и Леброн. Последното големо засилуавње на „кралевите“ која ја имаше оваа бројка на свјот грб беше Иско Аларкон за да потоа се врати на „22“ која ја имаше во Малага.



Спонзорирани линкови

Маркетинг