Претседатели, принцови, актери и манекенки: Откриено е кој се возел во приватниот авион на милијардерот - педофил

Точка

14/07/2019

10:16

8.611

Големина на фонт

а а а

Авионот „Боинг 717“ наречен „Лолита Експрес“ на осудениот педофил Џефри Епстајн некогаш бил користен за превоз на неговите познати и моќни пријатели ширум светот.

Луксузниот приватен авион на Епстајн се најде во центарот на вниманието откако милијардерот беше уапсен по обвинение за сексуално злоставување и трговија со малолетници. Финансиерот е обвинет дека ги злоставувал и ги наведувал малолетните девојчиња да имаат секс со него и неговите пријатели, а авионот се смета за едно од местата на злосторствата.

Епстајн го користел овој авион за своите нелегални активности и превезување на малолетните девојки меѓу своите резиденции во Њујорк и Палм Бич.


Жртвите тврдат дека Епстајн во авионот имал голем кревет на кој младите девојки биле принудени да имаат групен секс со неговите гости и да ги исполнуваат нивните сексуални фантазии.

Вирџинија Робертс, една од жртвите која што поднесе тужба против милијардерот тврдејќи дека била „регрутирана“ кога имала 15 години, тврди дека со години била злоставувана во авионот, како и во домовите на Епстајн во Њујорк, Палм Бич и Ново Мексико.

Листата на нејзините злоставувачи ги вклучува имињата на британскиот принц Ендру и професорот по право на Универзитетот Харвард, Алан Дрешовиц. И двете имиња се појавуват во дневниците на летање до кои дошле американските медиуми.


Дневниците исто така откриле дека Бил Клинтон летал со авионот на Епстајн на дестинации како што се Брунеи, Норвешка, Русија, Сингапур, Хонг Конг, Јапонија, Африка, Белгија, Кина и други. Покрај Клинтон, принцот Ендру и професорот Дрешовиц, исто така и бројни други истакнати личности летале со озлогласениот авион „Лолита Експрес“.

Меѓу останатите тука се имињата на Кевин Спејси, Крис Такер и Наоми Кембел, а евиденцијата на летовите исто така открива дека Бил Клинтон понекогаш со себе носел и по 10 агенти на американската тајна служба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг