Халкидики се нормализира по катастрофалната бура: Туристичките места добиваат струја и вода, животот полека се враќа

Точка

13/07/2019

13:12

3.119

Големина на фонт

а а а

Електро-монтерите и натаму работат на обнова на инфраструктурата и снабдувањето со електрична енергија на Халкидики, каде на сила е вонредна состојба по смртоносната бура во средата, соопшти денес генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Никос Хардалиас.

До вечер струја би требало да дојде во местата Мармарас, Симантра и кампот во Сарти. Останатото подрачје на источна Касандра каде снемало струја, постепено добива по замената на пет оштетени главни кабли. Состојбата е стабилизирана, а речиси во сите места дошле струја и вода. 

Сообраќајот е воспоставен на дел од патот Потидеа-Неа Фокеа, кој бил затворен бидејќи бурата ја урнала електро-мрежата на земја.

Министерството за здравство известило дека во болниците има уште 14 повредени, од кои само едно лице е во критична состојба. Во олујата која во средата кршела дрвја, корнела кровови и превртувала автомобили, загинале седум лица, а повеќе од сто биле повредени.

Потсетуваме, Халкидики го погодило незапаметено невреме со ветер од дури 120 километри на час, што се вбројува во ураган од прва категорија.

Според последните податоци загинале најмалку седум лица, меѓу нив и две деца, а повредени биле околу 120.



Спонзорирани линкови

Маркетинг