Сега и официјално: Ова е новиот Samsung Galaxy Note 10

Супермен

12/07/2019

13:52

3.035

Големина на фонт

а а а

Само десетина дена откако “протече” првата неофицијална фотографија од новиот телефон на Samsung – Galaxy Note 10+, се појавија и првите официјални рендери од овој премиум модел.

На објавената фотографија може да се види “обичниот” Galaxy Note 10 модел. За разлика од “постариот брат” Galaxy Note 10+, кој доаѓа со екран од 6,7 инчи, тој е опремен со помал дисплеј со дијагонала од 6,3 инчи. 

Прикажаниот телефон има куќиште во сребрено-сино-бели нијанси кои се прелеваат, со кој доаѓа и електронското пенкало S-Pen.

Иако официјално сè уште не е познато во кои бои ќе биде достапен телефонот, објавите на социјалните мрежи сугерираат дека тоа би можеле да бидат само две бои – Classic Black и Gradient Silver.

Веројатно е дека во наредните денови ќе пристигнуваат уште голем број на објави на оваа тема во врска со новиот Galaxy Note 10 телефон, сè до 7-ми август кога ќе се одржи официјалниот Samsung Unpacked настан на кој ќе бидат претставени новите модели.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk