Морничави глетки после страшното невреме на Халкидики: Срушени таверни, превртени автомобили, уништени плажи...

Точка

11/07/2019

12:31

6.239

Големина на фонт

а а а

Катастрофално невреме го погоди грчкиот полуостров Халкидики, а бурата однесе и седум животи. Бурата ги погоди најпопуларните летувалишта, а меѓу загинатите засега нема македонски државјани.

Силниот ветер корнеше дрвја, лежалки и чадори на плажите, а беа срушени и бројни покриви на таверните во неколку градови на грчкиот полуостров.

Некои места останаа и без електрична енергија, а грчките власти откриваат дека најдоцна до 21:00 часот вечерва ќе се врати снабдувањето со електрична енергија во најпогодените региони.


На Халкидики е прогласена вондредна состојба, а според последните информации, Пефкохори остана без струја, вода и интернет. Повеќето од патиштата се затворени поради срушените дрвја, а грчките служби прават се за ситуацијата што поскоро да се врати во нормала.

Бурата била толку силна што буквално разурнала повеќе угостителски објекти, а најголемиот дел од жртвите загинале откако им се срушиле покривите од таверните или врз нив паднале откорнати дрвја.

Голем број на молњи го погодија и Солун и околниот регион, а на интернет се појави и снимка на која може да се види како гром удира во зграда во Солун.



Спонзорирани линкови

Маркетинг