Попај бил во право: Спанаќот навистина ги зголемува мускулите само ако го консумирате во овие количини

Супермен

11/07/2019

10:35

2.000

Големина на фонт

а а а

Кога бевме мали, родителите нѝ зборуваа дека треба да јадеме спанаќ за да имаме силни мускули, а најновата студија потврдува дека една состојка од овој зеленчук навистина придонесува за зголемување на мускулната маса.

Научниците веќе со години ја испитуваат состојката на спанаќот – екдистерон, а лабораториските експерименти потврдуваат дека овој “растителен стероид” значајно ја зголемува мускулната маса и силата. 


За да проверат дали на истиот начин влијае и на луѓето, нутриционистите од Слободниот универзитет во Берлин спрoвеле истражување во кое учествувале 60 испитаници. Во текот на две недели, различни групи на испитаници внесувале различни дози на екстракт од спанаќ или плацебо.

Резултат: кај учесниците кои внесувале екдистерон значајно се зголемила мускулната маса. Освен тоа, тие оствариле многу подобри спортски резултати. Поради тоа, нутриционистите барале оваа состојка да се стави на листата на допинг средства.

Но, имајте на ум дека најмалата доза која дала резултати кај испитаниците одговарала на количината од околу 4 килограми спанаќ дневно.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk