Ураганско невреме во Преспа: Откорнати дрвја и кровови

Точка

10/07/2019

21:15

13.052

Големина на фонт

а а а

Денеска цела Македонија е зафатена од силни и обилни дождови, а невремето направило вистински хаос во Преспа.

На социјалните мрежи се објавени и видеа од ова ураганско невреме.

„Ова се случи пред половина час во Преспа! Ништо не е поубаво но и пострашно од природата во исто време! Боже, колку многу 'природа'“, напиша еден корисник на својот Фејбук профил, под видео на кое се гледа невремето и во Преспа.

Невремето во Преспа корнело дрвја и кровови на куќи, а соборени се и повеќе од 60 бандери.

Некои села имаат блокирани патишта од паднати дрва, а има и прекини во напојувањето со електрична енергија. Екипи на Противпожарна служба и Македонија пат се излезени на терен.


Исто така, и на Твитер еден корисник објави видео од невремето во Преспа и напиша дека ситуацијата е страшна, а во хотелот каде што се наоѓа немало струја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг