Пaраглајдеристи од Украина повредени при пад на Галичица: Акцијата за нивно извлекување е во тек

Макфакс

09/07/2019

20:39

1.795

Големина на фонт

а а а

Двајца параглајдеристи од Украина се повредени при несреќа која што се случила попладнево околу 15 часот на планината Галичица. Според првичните информации тие изгубиле контрола додека летале во неповолни услови и паднале во близина на македонско-албанската граница.

Од МВР велат дека несреќата се случила на падините на Галичица, но на албанската страна поради што наши екипи во координација со албанските колеги се упатиле на пребарување на теренот, во обид да ја пронајдат.

Као што дознаваме од полициски извори, двајцата параглајдеристи полетале на македонска територија, иако и покрај топлото време имало и силен ветер. Но, тие сепак одлучиле да полетаат иако им било укажано да не ризикуваат.

Што се случувало конкретно за време на летот не е познато. Претпоставките на полицијата се дека тие изгубиле контрола во тек на летот и заминале на албанска територија.

Мажот и жената од Украина паднале 1 километар на албанска територија во близина на македонско – албанската граница.

Известени се спасувачките екипи, планинските тимови за спасување, и граничната полиција која стапила во во контакт со пограничните служби во Албанија. Првичната информација е дека едниот е полесно, а другиот потешко повреден.



Спонзорирани линкови

Маркетинг