Новиот "Samsung" ќе има "најдобар екран кој може да се најде на пазарот", а еве што нема да има

Точка

08/07/2019

20:14

4.660

Големина на фонт

а а а

До премиерата на новиот "Samsung Galaxy Note" остана уште нешто помалку од еден месец, а новите информации само пристигнуваат...

Познатиот "инсајдер" кога станува збор за информации од "Samsung" - "Ice Universe", објавил дека "Galaxy Note 10" ќе има "најдобар екран кој може моментално да се најде на пазарот" како и дека нема да има 3,5 милиметарски влез за слушалки. 

Најдобар екран, сепак, не значи и најиновативен. Ќе има единствена основна метрика, како што се светлина, острина и ниво на црна боја. Но, ќе недостасува освежување на екранот од 90Hz, карактеристика која ја видовме на "OnePlus 7 Pro" уредот, а која овозможува единствено флуидно "скролање" или зумирање.

До почетокот на август, кога конечно ќе го видиме "Galaxy Note" во живо, светските медиуми секојдневно ќе објавуваат нови детали кои ги откриваат добро известени извори.

Така се "шушка" дека новиот премиум уред на "Samsung" ќе има QHD+ Infinity дисплеј со дијагонала од 6,3 инчи, до 12GB RAM меморија, а од задната страна наводно ќе има три камери, пренесува "Mob&IT".

Цената која светските медиуми моментално ја прогнозираат за новиот "Galaxy Note 10" изнесува меѓу 980 и 1.070 евра.