Македонскиот фудбалски прволигаш Работнички потпиша професионален договор со нивната голема надеж Давид Тошевски.
Тој 11 години е дел од младинската школа на „романтичарите“ и важи за еден од најталентираните напаѓачи во својата возраст во Македонија. Тошевски во сезоната 2018/19 постигна 18 гола во кадетската Суперлига, а настапуваше и за младинскиот тим на Работнички, па сега пред него е ново докажување и тоа под раководство на новиот шеф на стручниот штаб Александар Влахо.