Италија во шок! Паднала мрежа на трговци со деца: Властите, социјални работници и лекари им давале електрошокови на деца и ги терале да се жалат од родителите, па им ги одземале и продавале

Точка

01/07/2019

19:09

6.716

Големина на фонт

а а а

Италијанската полиција уапсила 18 социјални работници, лекари и службеници, меѓу кои и градоначалникот на градот Бибијана, Андреа Карлети, во рамките на истрагата на ланецот на злоставувачи на деца во областа Реџо Емилија и Пиемонт, а која е водена под кодно име "Ангели и демони".

Властите во Реџо Емилија, главниот град во истоимената покраина, велат дека откриле часови и часови психијатриски третмани и електрошокови на кои биле изложени децата, а чија цел била да им се расипе свеста и да им се создадат лажни сеќавања дека се сексуално злоставувани од родителите, јавува "Ansa". 

Политичари од власта, социјални работници и лекари направиле цела мрежа за трговија со деца, а до каде доаѓа таа мрежа е јасно од фактот дека дел од неа бил и Андреа Карлети, градоначалник на градот Бибијана, град во близина на Реџо Емилија. Социјалните работници одбирале ранливи, малолетни деца и ги убедувале дека дома им е лошо и дека родителите се грозни кон нив.

##https://twitter.com/MaurizioChiossi/status/1144912777590530049##

Таа работа ја преземале лекарите, кои им ги переле мозоците на децата на сеанси, а за таа цел користеле и електрошокови. Потоа од децата барале да цртаат одвратни цртежи, односно глетки од мачење, како и да пишуваат изјави дека тоа е бидејќи се сексуално злоставувани од родителите. Лекарите и психолозите потоа пишувале лажни извештаи за наводното злоставување во семејството и трауми, па препорачувале децата да се оддалечат од семејствата.

Тие извештаи оделе пред властите, односно пред Карлети, а тој и таквите како него одобрувале децата да се одземат од семејствата и да се предадат на една "доверлива" непрофитна организација. Најпрво ги префрлале во други семејства, кои добивале многу пари за тоа, а потоа ги продавале за стотици илјади евра на разни луѓе.

Кои биле луѓето кои ги чувале овие деца и нивни нови родители? Сопственици на секс-шопови, луѓе со психички проблеми, луѓе чии деца извршиле самоубиство, зависници, педофили...

Што се случувале понатаму со тие деца? Хорор. Повеќето од нив имаат тешки психички проблеми, многумина станале зависници, две деца биле силувани...Полицијата не кажала колку такви деца има.

Весникот "Република" пренел дел од сеанса на која психолог го "пере" мозокот на девојче кое прашувало зошто ја разделиле од нејзиниот татко.

"Не се сеќаваш дека ми кажа дека не сакаш да го видиш: Се сеќаваш на тоа", вели психологот.

"Не го кажав тоа", вели девојчето.

"Кажа, кажа дека не сакаш да го видиш бидејќи се плашиш дека ќе те повреди, дека ќе ти се одмазди. Се сеќаваш дека се плашеше од него? Се сеќаваш сега?", инсистира психологот.

Детето одговорило дека не се сеќава и почнало да плаче и да бара да ја вратат кај својот татко.

Скандалот е толку голем што и премиерот на Италија, Џузепе Конти, пред да замине на самитот Г20 во Осака, рекол: "Ако се точни, овие обвиненија се застрашувачки и шокантни".