Проект вреден две милијарди долари: Овој град наскоро би можел да стане “православниот Ватикан”

Точка

01/07/2019

10:49

2.296

Големина на фонт

а а а

Руската православна црква развива план за изградба на сопствен Ватикан за кој се потребни околу две милијарди долари, објави рускиот сајт “Ведомости” во четвртокот.

Црковните службеници уште од 2017 година водат разговори со службениците на градот Сергиев Посад во московската регија, кој сакаат да го претворат во “главен град на православието”. 


Сергиев Посад е место каде се наоѓа манастирот на Троица-Сергиева лавра кој се смета за духовен центар на Руската православна црква. Претходно оваа година, Црквата побарала од претседателот Владимир Путин да го поддржи проектот, изјавил за “Ведомости” неименуван извор од владата.

Манастирот е основан во 1345 година од страна на еден од најславните руски светци, свети Сергиј Радоњешки кој изградил дрвена црква во чест на Светото тројство на ридот Маковец.

Статусот лавра, односно манастирска населба, овој манастир го стекнал во 1744 година. Црквата сега планира дека околу манастирот да изгради голем комплекс на згради, се наведува во документот од 300 страници. Како инспирација за овој проект се наведени Ватикан, Ерусалим и Мека.


Стратегијата повикува на реструктурирање на Сергиев Посад, делејќи го на духовни, станбени и административни окрузи. Градоначалникот Михаил Токарев проценил дека проектот ќе чини околу 140 милијарди рубљи (две милијарди долари) и ќе зазема една третина од центарот на градот. Се очекува тука да се наоѓаат и музеи, културни центри, теолошка библиотека, хотел, висок црковен суд, медицински центар и православен медиски центар, се наведува во документот.

Проектот исто така повикува на изградба на нов автопат, транспортна инфраструктура и нов аеродром за сместување на туристите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг