Единствена Македонија: Заев наместо подобар живот, од ЕУ носи само хомосексуализам и дрога

Макфакс

30/06/2019

15:26

2.554

Големина на фонт

а а а

Наместо подобар живот, марионетскиот премиер Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи, како, хомосексуализам, дрога, проституција, секојдневни убиства, грабеж на народни пари, безаконие, криминал и корупција, велат од партијата Единствена Македонија на Јанко Бачев.

„Марионетата Заев од вчера тргна да ги руши и македонските традиционални и семејни вредности со финансиската и морална подршка од власта на т.н. парада на гордоста на луѓето со поинаква природна ориентација“, се наведува во партиското соопштение.

Од таму најавуваат дека како одговорна партија, новата власт на Единствена Македонија би овозможила соодветен инстиуционален третман на луѓето со, како што велат, поинаква природна ориентација, во обидот за нивно враќање во нормалното и прифатливото. 

„За Единствена Македонија нема дилема. Заедно со македонскиот народ и државјаните на Република Македонија остануваме на првата линија во поткрепа на традицијата, бракот и семејството“, истакнуваат од партијата на Бачев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг