СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ втор ден се мачи со сценарија на лажни вести затоа што не им поминуваат

Макфакс

30/06/2019

15:13

1.215

Големина на фонт

а а а

Дотаму е подготвена да оди опозициската ВМРО-ДПМНЕ што шурува и креира сценарија со луѓе кои биле спремни да ги загрозат животите и безбедноста на граѓаните, велат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Иванка Василевска која втор ден по ред зборуваше за наводен сомнителен тендер за набавка на систем за летање преку М-НАВ.

Од владејачката партија тврдат дека фактите потврдуваат оти нема никаква афера за местење тендер од страна на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, додавајќи дека од ВМРО-ДПМНЕ втор ден се мачат со сценаријата на лажни вести затоа што не им поминуваат.

„Тоа го потврдува и снимениот разговор, според кој јасно се воочува дека намерно не е објавен во целост и не се зборува за манипулации со тендерска постапка. Како што и претходно беше објавено, тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени уште во 2016 година, а договорот за набавка на нов радарски систем, некој свесно го опструирал, загрозувајќи го животот и безбедноста на граѓаните, за што докази се доставени во надлежна институција“, објсануваат од СДСМ. 

Вистината е дека поради неопходноста на опремата за нормално функционирање на авионскиот соообраќај, по налог на Владата е свикан состанок за утврдување на динамика за испорака, додаваат од таму. 

Од СДСМ воедно констатираат дека ВМРО-ДПМНЕ е истата, како што велат, мрачна, деструктивна, лажна, режимска партија управувана од Никола Груевски, која не им мисли добро ниту на државата, ниту на граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг