Позитивна атмосфера на Парадата на гордоста во Скопје

Макфакс

29/06/2019

14:23

6.827

Големина на фонт

а а а

Во позитивна атмосфера со музика и играње протече првата парада на гордоста што се одржува во Скопје. Учесниците на парадата пристигнаа во градскиот парк, каде што пејачката Тамара Тодевска ја испеа песната со која настапи на Евровијза „Proud“.

Таа им го посвети текстот на присутните, бидејќи одговара на концепот дека секој треба да е горд со она што е.

„Горди сме што денеска некои се одважија и излегоа на парада и рекоа ‘јас сум геј и тоа е ок’“, изјави на бината една од учесничките на парадата во Градскиот парк.

Претходно, со транспаренти во рацете и знамиња со боите на виножитото, учесниците парадираа по скопските улици, а забележливо беше присуството на учесници од повеќе држави, меѓу кои Грција, Бугарија, Србија, Велика Британија. Додека траеше парадата и тие маршираа низ Илинденска, можеа да се забележат љубопитните погледи на граѓаните кои ѕиркаа од прозорците. Некои од нив ги отпоздравуваа учесниците, но имаше и такви кои извкуваа „Уа“.

На социјалните мрежи осамнаа голем број објави со говор на омраза пртив денешната парада, но тоа сепак не успеа да ја наруши позитивната атмосфера која што владееше помеѓу присутните.

На настанот присуствуваа министерката за одбарана, Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, советникот Роберт Алаѓозовски, екс-пратеникот Павле Богоевски, како и голем број членови на невладини организации.




Спонзорирани линкови

Маркетинг