Спасовски: Таргет на полицијата во Љуботен не беа сите жители, туку само илегалните трговци

Макфакс

28/06/2019

15:06

984

Големина на фонт

а а а

Од 400-500 куќи, претреси имаше само во девет објекти, не беа цел сите граѓани на Љуботен, туку само лицата што нелегално тргувале со тутун, изјави министерот Оливер Спасовски на пратеничко прашање за случувањата во селото.

„Знаете дека има законска забрана за тутунот ‘вирџинија’, 14 тони се запленети. Запленети се 5 машини за режење тутун од селото, што е апсолутно забрането“, рече Спасовски на прашање на Ејуп Алими од ДУИ зошто се претресувале граѓаните наместо да се лоцира како е увезен тутунот.

Спасовски дополни дека акцијата е водена подолго време, дека приведените лица веќе имаат од претходно кривични пријави за разни криминални дела, како и дека ќе се истражува дали други институции имаат одговорност.

Алими забележа дека не добил одгвор зошто била користена прекумерна сила од МВР и обвини дека полицијата користела блиндирани возила и тероризирала деца и семејства при претресот во Љуботен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг