Дураку ја предаде функцијата – Нуредини стана прв човек во секторот животна средина

Макфакс

28/06/2019

14:25

784

Големина на фонт

а а а

Во Министерството за животна средина и просторно планирање се изврши примопредавање на функцијата министер за животна средина и просторно планирање помеѓу досегашниот и новоименуваниот министер, Садула Дураку и Насер Нуредини.

Со тоа Насер Нуредини и официјано го почна управувањето со овој сектор.

Новоименуваниот прв човек, Нуредини, пред вработените ја потврди својата заложба за поддршка на стручните кадри од Министерството.

„Веќе сум запознаен со предизвиците, тековните и идни проекти на Министерството за животна средина и знам дека ќе продолжиме да ги спроведуваме добрите политики во животната средина и просторното планирање“, рече тој најавувајќи поголема отвореност за соработка и максимална заложба за обезбедување здрава и чиста животна средина за граѓаните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг