Министерството за здравство се премисли: Нема да има промена на полот на државна сметка

Макфакс

28/06/2019

09:20

1.652

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство соопшти дека нема да има промена на полот на државна сметка, откако претходно министерот за здравство Венко Филипче најави дека операцијата за промена на полот ќе се врши на сметка на Фондот.

„Ја информираме јавноста дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“, информираат вечерва од Министерството.

Оттука додаваат дека спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои досега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување. 

„Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство. 

Политика на Министерството за здравство е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните во Северна Македонија и да се намали потребата од патување во странство и секако да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори“, додава Министерството за здравство во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг