Дескоска учествува на Кранс Монтана Форумот во Швајцарија

Макфакс

27/06/2019

11:42

884

Големина на фонт

а а а

Министерката за правда Рената Дескоска деновиве учествува на јубилејното 30 издание на Кранс Монтана Форумот кој деновиве се одржува во Женева, Швајцарија.

Овогодинешната тема на форумот е насловена како ,,Дали мирот, развојот и стабилноста стануваат сон?“, а министерката за правда Рената Дескоска ќе се обрати на сесијата посветена на Иницијативата за источно-медитеранската соработка, за која оваа година исто така ја одбележуваме 30 годишнината. Во рамки на истата сесија, ќе се обрати и поранешниот претседател на Република Албанија, Сали Бериша.

Целта на Кранс Монтана Форумот е да ја зајакне меѓународната соработка преку промоција на добри практики на меѓународна соработка и градење на постојан дијалог помеѓу јавниот и приватниот сектор како клучни актери и носители на одлуки.

Кранс Монтана Форумот е невладина меѓународна организација која е основана во 1986 година, и мисијата на оваа организација е да изгради подобар свет, чие мото гласи ,,кон похуман свет”.На форумот учествувал и поранешниот претседател, Киро Глигоров.



Спонзорирани линкови

Маркетинг