Путин ја кренал армијата на нозе! Терористи ја нападнале најголемата руска база: Војниците спасувале жива глава, ПВО веднаш реагирал и го уништил непријателот

Точка

27/06/2019

22:11

14.958

Големина на фонт

а а а

Терористи со помош на дронови ја нападнале руската воена база "Хмејмим" во Сирија, а нападот го одбиле силите на ПВО, соопштил раководителот на Центарот за помирување на завојуваните страни во Сирија, Алексеј Бакин.

Во нападот на две беспилотни летала никој не бил повреден. 

Руските средства за противвоздушна одбрана откриле и уништиле две беспилотни летала, кои се приближувале до руската воена база од југозапад.

Освен тоа, Бакин предупредил дека во јужниот дел на Идлиб останува веројатноста за провокации, со употреба на отровни материи.

"Според достапните информации, постои можност припадници на терористичките организации, со цел да провоцираат, да исценираат примена на отровни супстанци во јужниот дел на зоната на деескалација на Идлиб, со цел Владините сили да се обвинат за употреба на хемиско оружје против цивили", нагласил тој.

Судирот во Сирија почнал во 2011-та година. Вооружените сили на Русија во 2015-та година, на повик на официјален Дамаск, почнале да помагаат во ослободувањето на територии од земјата од илегални вооружени формации. Две години подоцна, руската команда објавила крај на активната фаза на воени операции против терористите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг