Ова е веќе претерување: Гејмерите плаќаат за игра, а гледаат реклами!

Точка

26/06/2019

17:30

3.378

Големина на фонт

а а а

Дека компаниите ги користат своите видео игри како рекламен простор тоа не е никаква новост и нешто на што веќе сме навикнати.

Користењето на просторот во видео игрите во рекламни цели, обично досега се случувашее суптилно и ненаметливо, а доколку станува збор за бесплатна игра, тогаш тоа е веќе друга работа, затоа што креаторите на играта мора да најдат начин за да заработат.

Сепак, се чини дека креаторите на игрите започнуваат еден нов тренд кој ги минува сите граници, а една од игрите која што прикажува реклами кои не може да се „прескокнат“ е новата NBA 2K19.

Имено, играчите на NBA 2K19 забележале дека во играта има реклами кои едноставно не може да се избегнат. Сепак, најинтересно е тоа што не станува збор за бесплатна игра, туку за игра која што чини околу 50 евра и веќе сега има и друг систем на микротрансакции.

Како што можете да видите на видеото подолу, сега рекламите, кои се и во видео формат, се емитуваат на екранот при вчитувањето на играта и не постои начин да ги прескокнете. Едноставно, ќе мора да ја погледнете рекламата пред да започне играта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг