Видео: Финансиска полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Макфакс

25/06/2019

11:11

6.182

Големина на фонт

а а а

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде со помош на припадници на МВР се врши претрес во куќите.

Финансиската полиција вели дека акцијата во Љуботен се спроведува поради сомнение за сторени кривични дела криумчарење со акцизна стока и царинска измама.

„Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите ,се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности“, велат од Финансиската полиција.

Жителите на селото се исплашиле од акцијата и се вознемирени, правдајќи се дека тутунот им бил единствен начин за егзистенција.

Во текот на акцијата жителите револтирани го изнесоа тутунот на улиците, велејќи дека ако можеле да имаат друга работа, нема да преработувале тутун.




Спонзорирани линкови

Маркетинг