Извор близок до пејачката рекол дека таа тешко се носи со новонастанатата ситуација.
За Бредли Купер, Ирина Шајк и Лејди Гага и натаму Холивуд зборува на големо, а приказната дека пејачката е виновна за раскинувањето на овој славен пар по филмот "A Star is Born" и натаму е актуелна.
Освен што Бредли и Гага ја демантирале наводната врска, никој од нив не бил расположен за изјави, а извор близок до пејачката тврди дека таа се чувствува лошо поради целата ситуација.
"Се чувствува лошо поради нивното раскинување и ја гризе совеста. Не планира врска со актерот, жал и е за Ирина бидејќи е свесна дека гласините за нивната афера придонеле за раскинувањето и дека филмот во кој глуми со Бредли влијаел на неговиот однос со Ирина", рекол изборот за американското списание "US Weekly".
Додал и дека Ирина се чувствувала загрозено, и дека најтешко и паднало што нејзиниот сопруг минувал многу време со Лејди Гага, а дека нивниот брак веќе со месеци бил на стаклени нозе.
Колку за потсетување, Бредли и Ирина се во брак од 2015-та година и ја имаат ќерката Леа де Сена, а неодамна руската манекенка била видена како со куфери ја напушта нивната семејна куќа.