Го гледав како се мачи: Сенатор близок до Трамп откри детали од драматичната ноќ во Белата куќа

Точка

22/06/2019

15:31

7.243

Големина на фонт

а а а

Борбата помеѓу воинствената реторика на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата намера да ги сведе војните во кои е вклучен САД на минимум била и тоа како видлива во четвртокот кога ја носел конечната одлука за напад на Иран.

Сенаторот Џејмс Риш, задолжен за надворешни работи, инаку Републиканец од Ајдахо, изјави дека американскиот претседател воопшто не сакал да донесе одлука која ќе ги втурне Соединетите Американски Држави во војна.

„Го гледав како се мачи поради тоа“, изави Риш, пренесува американската телевизија „СиЕнЕн“.


Додека Трамп се двоумел, неговиот тим за национална безбедност бил едносгласен во одлуката САД да им возврати на Иранците за срушениот дрон. Но, Трамп неколку минути пред нападот, сепак одлучил да не се врши напад на Иран.

Советникот за национална безбедност Џон Болтон, државниот секретар Мајк Помпео и потпретседателот Мајк Пенс ја предводеле струјата која се залагала за напад на Иран, но Трамп бил свесен дека невозможно е да се предвиди одговорот на Иран на американската воена акција.


Половина час пред да ја донесе одлуката за прекинување на плановите за напад, Трамп ги запрашал своите советници колку жртви би имало на страната на Иран во првите часови од ударот на американската армија, по што добил проценка дека ќе има околу 150 жртви.

„Знаете што? Соборија беспилотно летало, авион, како сакате наречете го. Не е пропорционално да им возвратиме со убивање на 150 луѓе. Не ми се допаѓа таа идеја“, изјави Доналд Трамп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг