Трамп го открил планот за крвавиот напад на Иран: Сакавме да гаѓаме три цели, еве зошто се откажав во последна секунда!

Точка

21/06/2019

21:02

7.532

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател открил како би течел планот за американскиот воен напад на Иран.

И покрај тоа што бил подготвен како "репетирана пушка" за напад на Иран, претседателот Доналд Трамп вели дека на крајот одлучил дека ударите не се пропорционални на штетата од падот на беспилотното летало на САД. 

Трамп преку твит објаснил дека по соборувањето на американскиот дрон над Иран, планирал на нареди напад на три цели во Исламската република, но му кажале дека притоа би загинале 150 луѓе.

Обвинувајќи го Иран за соборување на американското надзорно летало над меѓународни води, Трамп во петокот објавил дека се откажал од нападот 10 минути пред да почне ударот.

"10 минути пред ударот решив истиот да го спречам, бидејќи не е сразмерен со падот на беспилотното летало. Не брзам, нашата војска е обновена, нова и подготвена да тргне, далеку најдобра на светот", рекол Трамп во серијата од твитови.

"Санкциите имаат влијание и вчера ги зголемивме", додал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг