Героски во СДСМ го бараше заканувачот кој сакаше „да го бања во Вардар”

Макфакс

21/06/2019

11:29

3.255

Големина на фонт

а а а

Новинарот Бранко Героски изутринава отиде во седиштето на СДСМ да го бара заканувачот кој сакаше да „го бања во Вардар“ и кој се престави како обезбедување во партијата, но не го најде.

,,Доцна синоќа примив закана од лик кој се претстави како дел од обезбедувањето на СДСМ. Побарав лидерот и партијата да се оградат. Од луѓето од секторот за комуникации бев известен дека ова лице не е вработено во СДСМ. Го добив одговорот за да утврдам дали некој лажно се претставува. На мене сега останува да одлучам да го пријавам случајот во полиција. Ова е единствената писмена закана по серијата написи кои предизвикаа бура во јавноста. Тука не ги сметам секојдневните настани како снимање зад грб, но не ги сметам за закани, рече Героски.

Од партијата не го знаат заканувачот, знаат дека не е обезбедување, но не знаат дали е член на партијата. ,,Утрово со Героски имавме конструктивен разговор за заканите упатени до него. Како одговорна партија се оградуваме и ја осудуваме заканата. Наша вредност е овозможување на слободен говор и тоа го правиме. За тоа се доказ извештаите на ,,Репортери без гранкци”. Му кажавме на Героски дека не е обезбедување во СДСМ. Ќе видиме дали е член, а ако е, ќе преземеме чекори согласно статусот. СДСМ осудува обид, напад на новинари и изразување на слободната мисла. Станува збор за лице кое се претставува како псртиско обезбедување, а не е”, изјави Костадин Костадинов од СДСМ.

Синоќа по последниот напис од низата на Героски во кој зборува за сопственик на телевизија и група од власта кои рекетираат на големо, а дел од парите завршуваат во медиумот, Героски доби закана од лице кое се претставува како обезбедување на СДСМ. Героски во последниов период предупредува дека е цел на напади и закани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг