Што се случува во Вашингтон после рушењето на дронот? Трамп вели дека некој глупав го срушил по грешка

Точка

21/06/2019

09:30

5.433

Големина на фонт

а а а

Како што е познато, иранската Револуционерна гарда собори беспилотно летало на американската морнарица кое чини околу 110 милиони евра.

Иран собори американски дрон, а од иранската Револуционерна гарда набрзо потоа порачаа дека тоа е „порака за Америка дека Иран ќе одговори на секое преминување на црвената линија“. Трамп најпрвин на Твитер порача дека Иранците направиле „голема грешка“, но како што пренесува „СиЕнЕн“, подоцна го ублажил тонот.

Според „СиЕнЕн“, американскиот претседател Доналд Трамп, во разговор со медиумите во Белата куќа во Вашингтон, порачал дека веројатно некој го срушил дронот по грешка.


„Веројатно Иран по грешка го срушиле нашето летало. Мислам дека можеби некој генерал, или некој друг по грешка наредил рушење на дронот. Не ми се верува дека тоа било намерно. Мислам дека тоа го наредил некој глупав или некој кој излегол од контрола. Тоа беше глупав потег, тоа можам да ви го потврдам. Се ќе биде решено. Разликата ќе беше голема, многу голема ако тоа беше наше летало со пилот“, изјавил Доналд Трамп во Белата куќа.

Сепак, се чини дека далеку од тоа дека Иран „по грешка“ го срушиле американскиот дрон “RQ-4”, со оглед на тоа што од иранската Револуционерна гарда веќе се пофалија дека го срушија дронот.

Понатаму, американската армија тврди дека дронот бил срушен во меѓународен воздушен простор над Хормушкиот теснец, додека Иранците тврдат дека дронот бил срушен затоа што летал во иранскиот воздушен простор.

Во опасната игра на покажување на мускули на Вашингтон и Техеран, ова би можело да биде прилично голема победа за Иран, посебно ако Трамп не нареди некаква одмазда за соборувањето на дронот на американската морнарица.

Новинарите исто така го запрашаа Трамп дали е вистина дека неговите советници го убедуваат да влезе во отворена војна со Иран, на што Трамп одговори: „Не, воопшто не е така. Не е така. Всушност, често е баш обратно. Видете, јас реков дека сакам да излезам од тие бесконечни војни. Јас врз темел на тоа ја водев мојата кампања. Јас сакам да излезам од војните“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг