“Едноставна“ верзија на песната “Time“ која ја пее Фреди Меркјури, објавена е во четвртокот по долга потрага по неа. Ова е снимката која е направена во лондонското студио „ Abbey Road“ во 1986-та година.
Само во придружба на клавир, покојниот фронтмен на групата „Queen“ ја пее едноставната верзија на песната „Time“ која ја снимил како соло уметник со британскиот музичар и продуцент Дејв Кларк за истоимениот лондонски мјузикл.
Новата верзија на оваа песна е објавена под своето целосно име „Time Waits For No One“.
Меркјури почина од воспаление на белите дробови, поврзано со AIDS во 1991-та година.
„Тоа е само Фреди со придружба на клавир и тоа навистина покажува каков неверојатен изведувач беше тој со неверојатен распон на гласот“ - изјавил Кларк кој ја пронашол снимката по една година потрага.
„Се наежив поради начинот на кој пее, како да го вкусува секој збор“ - изјавил продуцентот Кларк.