Продолжува поддршката на ИутеКредит на млади фудбалери за учество на Real Madrid Clinic камповите

Точка

19/06/2019

16:27

991

Големина на фонт

а а а

Започна новата серија фудбалски кампови за млади во организација на Реал Мадрид фондацијата, а со тоа продложува и поддршката која ИутеКредит ја дава во спортска едукација на млади надежни фудбалери во земјата во соработка со фондацијата.

На таканаречените “Clinic” кампови кои ќе се одржуваат во Скопје, Кавадарци и Штип учествуваат повеќе од 200 деца од три фудбалски клубови Работнички, Кит Го и Тиквеш.

Како официјален спонзор на кампот ИутеКредит им овозможува на младите фудбалери учество на петдневни тренинзи на кои се работи на подобрување на нивната личната техника, тактичкото однесување на теренот и когнитивните способности, сето тоа спроведено од професионални тренери од Реал Мадрид кои ќе понудат посебен пристап и методи на обука.


Оваа серија “Clinic” фудбалски кампови за млади е продолжение на веќе успешно одржаниот Real Madrid Campus Experience кој се одржа во Охрид на почетокот на 2019 година, на којшто ИутеКредит овозможи учество на тим од 11 деца и им овозможи да тренираат како професионални фудбалери, да ги практикуваат најдобрите спортски вредности и да ги надградат своите фудбалски вештини.

Со оваа активност во текот на целата година, ИутеКредит има за цел да допринесе за развој на спортот кај младата генерација со основна цел за понатамошно насочување и професионална заинтересираност за фудбалот и притоа останува поддржувач на вакви проекти од јавен интерес во областите на спортот, образованието и здравата животна средина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг