Енрике повеќе нема да биде селектор на Шпанија

Дерби

19/06/2019

19:18

1.659

Големина на фонт

а а а

Поранешниот стратег на Барселона, Селта Виго и Рома, Луис Енрике повеќе нема да биде селектор на шпанската репрезентација.

Оваа информација ја пренесуваат медиумите на Пиринеите кои информираат дека поради лични причини Енрике ќе ја напушти сегашната функција која пак треба да ја преземе неговиот досегашен асистент Роберт Морено. Енрике не ја водеше „црвената фурија“ на претходните три средби против Малта, Фарски Острови и Шведска, мечеви на кои Шпанците забележаа три победи.

Ова секако беше добра препорака за Морено со тоа што допрва шпанската федерација треба да потврди дека тој е наследникот на Енрике кој ја имаше целосната поддршка од фудбалскиот сојуз низ овој период, меѓутоа на крајот тој одлучи максимално да му се посвети на решавање на личниот проблем и да ги остави на страна сите други обврски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг