Беса: Сè уште нема потврда дека оваа година сигурно ќе добиеме датум за преговори

Макфакс

19/06/2019

15:00

1.084

Големина на фонт

а а а

Северна Македонија, за жал, не успеа да добие датум за почеток на преговорите во овој месец, но, исто така, спорен е фактот дека сè уште нема потврда дека во оваа година сигурно ќе го добиеме датум за почеток на преговорите, велат од Беса.

Партијата апелира дека во следниот период, Владата и сите други институции да се посветат максимално, и да работат на долго очекуваните реформи, а особено во делот на забелешките од извештајот на Европската комисија.

„Судскиот систем во Северна Македонија е нефункционален, крајно партиски и генерално политизиран. Дури и денес, судските постапки во скоро сите судски случаи се решаваат преку партиски компромиси кои имале и имаат влијание врз судството. Ако до 2016 година, имавме судии на “тефтерчиња”, денес имаме судови на партиски коалиции. Сведоци сме дека германскиот Бундестаг и холандскиот парламент, како и многу амбасадори на земји со големо влијание врз одлучувањето во ЕУ, го условија евентуалниот датум со законот за специјално јавно обвинителство како институција која треба да се бори против криминалот и корупцијата во рамките на институциите направено во минатото така и во иднина. Со други зборови, може да назначиме дека овие важни земји и рекоа на Северна Македонија дека сеуште не рашчистила со криминалот од поранешниот режим, имајќи развлекување на судските маратонски процеси кои останаа без епилог“, изјави Кастриот Реџепи, потпретседател на Беса.

За да биде уште полошо, велат од таму, дел од поранешниот режим денес е дел од оваа влада која дури и не заврши вистинска истрага, особено од доказите што произлегуваат од снимениот материјал.

„Затоа, Движењето Беса бара да биде вклучено во изготвувањето на законот за Специјалното јавно обвинителство, предлагајќи да нема рокови за поднесување обвиненија или покренување истраги, како и сите прислушувања поврзани со злоупотреба на службената положба, штета на државниот буџет, да бидат како доказ во сите фази од истрагата, без ограничување. Било кој друг обид да се ограничи работата на специјалното јавното обвинителство ќе биде доказ дека некој се обидува да го скрие криминалот, а тоа не само што ќе влијае негативно на нашите европски партнери, туку може да биде и едно од клучните прашања за одолжување на приемот на датумот за почеток на преговорите со Европската унија“, рече Реџепи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг