Тажни сцени во Русија: Изгладнета поларна мечка пристигна во еден од најзагадените градови

Точка

19/06/2019

11:47

3.788

Големина на фонт

а а а

Изгладнетата поларна мечка залутала во рускиот индустриски град Норилск, откако поминала неверојатни 1,600 километри во погрешна насока.

Поларната мечка се оддалечила од брегот и тргнала кон југ, оддалечувајќи се од своето природно живеалиште. Мечката шетала низ улиците на Норилск барајќи храна, а како што пренесуваат руските медиуми, мечката веројатно толку била изморена, така што воопшто не нападнала луѓе.

Локалните жители велат дека ова е прв пат да видат поларна мечка во градот уште од 70-тите години. Со оглед на тоа каде во регионот се нивните природни живеалишта, мечката поминала најмалку 1,600 километри пред да стигне во градот.


„Сериозно е изгладнета, едвај трепка и ги држи очите отворени. Долго лежеше одмарајќи се, а потоа ја премина улицата и влезе во индустриската зона. Тргна кон фабриката, а потоа се упати кон големата депонија“, изјави Ирина Јаринскаја за локалните медиуми.

Надлежните служби внимателно го следеле движењето на мечката, а се чека и на одлука од централните власти во Москва околу следните чекори. Засега се разгледувале две опции – или мечката да биде успиена и вратена до Арктичкиот брег, или да се смести во Зоолошка градина.


Инаку, Норилск поради фабриките и големите депонии е еден од најзагадените градови во Русија, а за време на Советскиот сојуз, а на странците им било забрането посетување на градот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг