Немојте да мислите дека сме заборавиле на белиот прав: Русија ги потсети Американците за лагите поради кои го нападнаа Ирак

Точка

17/06/2019

17:03

5.474

Големина на фонт

а а а

Руските власти ги споредија американските обвинувања против Иран со лажните обвинувања поради кои беше извршена инвазија на Ирак во 2003-та година.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков ги спореди актуелните инциденти во Оманскиот залив со американската пропагандна кампања во пресрет на инвазијата на Ирак во 2003-та година.

„Не сме заборавиле на шишенцињата со бел прав“, порача Песков, реферирајќи на познатата сцена во која тогашниот американски државен секретар, Колин Пауел во Обединетите нации покажа шишенце со бел прав, предупредувајќи дека станува збор за антракс кој го складира Садам Хусеин, заедно со останатите оружја за масовно уништување.


Сепак, неколку години подоцна се покажа дека сето тоа било неточно, односно дека или Американците добиле неточни информации од разузнавачките служби за потенцијалните оружја за масовно уништување на ирачкиот диктатор, или едноставно лажеле за да извршат напад на Ирак.

На крајот, сето тоа резултираше со американска инвазија на Ирак и рушење од власт на тогашниот ирачки претседател Садам Хусеин.


Инаку, Песков сето ова го поврза со актуелната ситуација на Блискиот исток, конкретно во Оманскиот залив каде што пред неколку дена беа нападнати два танкери. Додека САД и Велика Британија тврдат дека за нападот е одговорен Иран, останатите западноевропски земји сметаат дека засега нема докази дека зад торпедирањето на танкерите стои иранската Револуционерна гарда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг