Бомбата се активира, Погба најави заминување од Манчестер Јунајтед: Време е за нов предизвик…

Дерби

16/06/2019

12:59

1.400

Големина на фонт

а а а

Пол Погба конечно се огласи во јавноста за својата иднина и со само еден коментар најави заминување од Манчестер Јунајтед ова лето.

Се повеќе се шпекулира дека Французинот ќе биде дел од новиот „Галактико“ проект на Реал Мадрид, а дека тоа е така меѓу редови потврди и Погба кој истакна дека дошло време за нов предизвик, што би можело да значи дека отфрла можност и за враќање во Јувентус.

– Поминав три години во Манчестер и досега таму ми беше супер. Имав некои добри моменти, но и лоши моменти, како секој фудбалер. По оваа сезона и се што се случи во неа, и која беше моја најдобра во кариерата сметам дека е добро време да пробам нов предизвик на друго место. Размислувам за тоа, да прифатам нов предизвик на друго место, -истакна Пол Погба за француските новинари во Токио.



Спонзорирани линкови

Маркетинг